СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Права и обврски на судските службеници по Законот за судска служба и Законот за работни односи“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема: „Права и обврски на судските службеници по Законот за судска служба и Законот за работни односи, кое ќе се одржи на 29 септември 2023 година (петок), во просториите на Аакадемијата-Ламела 1, со почеток од 10:00 часот.

Советувањето е наменето за судските службеници од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето ќе м-р Лидија Таневска Јадровска, самостоен судски советник во Врховен суд на РСМ и г-н Борче Мирчески, судски администратор во Основен суд Охрид.

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академија задолжено за организација на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.