
Почитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием на IX генерација слушатели на почетна обука во Академијата за судии и јавинители,
Ве известуваме дека денес, Приемната Комисија одржа седница на која констатираше дека релевантните институции од кои се чекаше постапување поради промена на редоследот и начинот на полагање на Приемниот испит согласно новиот Закон за Академија за судии и јавни обвинители, сеуште не постапиле, па одлучи психолошкиот тест, кој беше закажан за 23 и 24 септември 2023 година да се одложи.
Исто така, Комисијата одлучи следната недела да одржи нова седница и доколку институциите постапат по законските надлежности, ќе утврди нова Временска динамика за спроведување на другите фази од Приемниот испит и ќе објави списоци за полагање на психолошкиот тест.
За таа цел редовно следете ја веб страницата на Академијата, каде што редовно добивате информации.