ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА ОЧЕКУВАЊАТА ОД ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ

IMG_0065

Академијата за судии и јавни обвинители и ИНЛ/ Амбасада на САД во Скопје организираа тркалезна маса за очекувањата на практичарите од имплементацијата на новините опфатени со новиот закон за вештачeње кој беше донесен на 18 јули 2023 година.

Настанот се одржа денес (20.09.2023 година) во хотел „Александар Палас“ со почеток во 10:30 часот.

На тркалезната маса покрај судиите и јавните обвинители, присуствува и адвокати,  претставници од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија и доктори од ЈЗУ Психијатрија, а целта на овој настан беше на едно место да ги собере сите засегнати страни и низ активна дискусија да се разменат мислења за предизвиците кои ги носи со себе практичната примена на новиот закон.

Со поздравни зборови на присутните им се обратија директорката на Академијата за судии и јавни обвинители која во оваа прилика ја истакна важноста од реализација на едукативни настани во почетната фаза за секоја новела во правната област, со цел навремена подготoвка на практичарите за нивна ефикасна примена. Поздравни зборови упати и директорката на ИНЛ/ Амбасада на САД, Вирџинија Елиот која изрази поддршка за имплементацијата на клучните законски решенија кои ќе значат унапредување на правосудството во Република Северна Македонија.

На прашањата: Кои се интенциите и зошто беше потребно да се донесе нов закон за вештачење во форма на презентација одговорите ги даде г. Никола Прокопенко, државен советник во Министерството за правда на Република Северна Македонија, додека за вештачењата во кривичните постапки свое излагање имаше д-р Габриела Гајдова, судија на Основен суд Велес.

За очекувањата од примената на новиот закон и можните предизвици на тркалезната маса свои излагања имаа: Наташа Гоџова, јавен обвинител во Вишо јавно обвинителство Скопје, -др Габриела Гајдова, судија на Основен суд Велес, Владимир Стојкоски, адвокат, проф. д-р Златко Јаќоски, Институт за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија и проф. д-р Стојан Бајрактаров, Универзитетска Клиника за психијатрија.

Реализацијата на оваа тркалезна маса предизвика голем интерес и позитивна дебата помеѓу учесниците. Интердисциплинарниот пристап кој е пракса на Академијата при организација на едукативни настани повторно се покажа како клучен во изнаоѓањето на добри решенија кои ќе им служат на практичарите во нивната секојдневна работа. Посебно значајно беше што на овој настан учествуваат сите засегнати страна и на овој начин беше овозможена комуникација и разгледување на законските решенија од разни агли.