
Новиот закон за Академија за судии и јавни обвинители кој се донесе на седницата на Собранието на РСМ одржана на 14 јуни 2023 година, беше објавен во Службен весник на РСМ број 129 од 21.6.2023.
Согласно истиот, се обезбедува воедначување на судската пракса преку зголемен обем на обуки на судиите во рамките на Академијата за судии и јавни обвинители, нови законски критериуми за состав на органите на управување и раководење на Академијата, како и редефинирање на начин на полагање на приемниот и завршниот испит врз основа на мерила и објективни критериуми за проценка на знаењата на кандидатите.
Во таа насока е усогласувањето на законското решение со препораките од Оценската мисија за судска обука од 2018 година, во насока на:
- предметот, целите и дејноста на основањето на Академијата дека и понатаму останува единствена точка за влез во судството и јавното обвинителството;
- реорганизација на приемниот испит со цел подобро оспособување на кандидатите за успешно да учествуваат во обуката
- намалување на роковите за поднесување и одлучување по приговори и жалби за резултатите од приемниот испит;
- редефинирање на начинот на полагање на завршниот испит врз основа на мерила и објективни критериуми за проценка на знаењата на кандидатите и истиот се состои од три дела, и тоа: писмен дел, симулација на судење, и устен дел.
- зајакнување на начинот на спроведување на континуираната обука со што се овозможува програмите постојано да ги содржат новините во закондавството и судската практика, како на домашното така и на меѓународно ниво.
За да го преземете текстот на законот пристапете на следниот линк.