Обука за извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права за слушателите на 8 генерација во почетна обука на АСЈО

logo_asjo_news_mk

Мисијата на ОБСЕ во Скопје го подржа развојот на трите креативни алатки во врска со извршувањето на пресудите на Европскиот Суд за Човекови Права: 1) Преглед на механизмите на извршување (позадина и функционирањето на механизмите на меѓународното и домашното ниво; 2)Анализа на фокусирање на општите мерки на извршување кои што произлегуваат од случаевите против Северна Македонија; и 3) прирачник за поединечните мерки (повторување на судските постапки после донесување на пресудите на ЕСЧП).

Со цел, овие алатки да бидат повеќе достапни, корисни и да ги зајакнат вештините на идните судии и јавни обвинители, Мисијата на ОБСЕ во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители во месец јуни 2023 година организира три еднодневни обуки за сите 97 слушатели на осмата генерација кои ја следат почетната обука.

Во насока на обезедување поголем квалитет на обуките слушателите ќе бидат поделни во групи и истите ќе ја следат обуката на следните датуми:

 

  • Прва група  на  20 јуни 2023 година
  • Втора група  на  21 јуни  2023 година
  • Трета група  на  22 јуни  2023 година

Сите обуки ќе се одржат во хотел Александар Палас, Скопје.

Пограмата согласно која ќе се одвиваат обуките можете да ја преземете на следниот линк:

Драфт-агенда за обуката за извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права за слушателите на почетна обука на АСЈО

 

 

На следните линкови можете да ги преземете и публикациите кои се издадени од страна на Мисијата на ОБСЕ во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители,  а се однесуваат не темата на обуката: