
Почитувани кандидати за слушатели пријавени на јавниот оглас за прием на 130 слушатели во IX генерација на почетна обука во Академијата,
Ве известуваме дека базата на прашања за квалификацискиот тест е ревидирана и конечна. Истата е достапна на веб страницата prasanja.mk (https://www.prasanja.mk/QBank/PublishQuestions/), а до неа може да пристапите и со кликнување на полето Пристап до базата на прашања за полагање во Академија, кој се наоѓа на веб страницата на Академијата, во делот почетна обука.