ОБУКА на тема: Компјутерски криминал и криминал сторен преку социјалните мрежи

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители согласно годишниот Каталог за континуирана едукација на судиите и јавните обвинители на 22 февруари 2023 година во просториите на Апелационен суд Скопје организира обука на тема: Компјутерски криминал и криминал сторен преку социјалните мрежи.

Обуката е наменета за судии од кривичните оддели и јавни обвинители од сите апелациони подрачја.

Обуката ќе ја спроведе јавниот обвинител на Основно јавно обвинителство Скопје, г. Владимир Милошевски и началничката на Отсекот за злоупотреба на интернет и електронско плаќање во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Централните полициски служби при МВР Скопје, д-р Марија Ѓошева.

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната е-маил адреса: Gordana.Lazarevska@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-578.

Aгендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука: