
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со Меѓународната финансиска корпорација, групација на Светска банка, во рамки на проектот ,,Проект за решавање на долговите и деловен излез“, согласно Каталогот на обуки за 2022 година, организира советување на тема „Ништовност и рушливост на договори“ кое ќе се одржи на 23 декември (петок) 2022 година, со физичко присуство во просториите на Апелационен суд Скопје.
Советувањето е наменето за судии и стручни соработници од граѓански оддели од сите апелациони подрачја.
Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Кети Германова, судија на Основен граѓански суд Скопје и г-а Софија Миленкова судија на Основен граѓански суд Скопје
За дополнителни информации во врска со советувањето Ве молиме да го контактирате лицето од Академија задолжено за организација на следната е-маил адреса mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-578.
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.
Работни материјали: