Директорката на Академијата и заменик директорот на Академијата дел од конференцијата посветена на Стратегијата за реформи во правосудството

За постигнатото и научените лекции од сегашната, како и за препораки и совети за следната Стратегија за реформа на правосудниот сектор, на 13 декември 2022 година се разговараше на конференцијата на Блупринт групата за реформа на правосудството насловена „Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2017 – 2022): Достигнувања, научени лекции и препораки“.

Блупринт групата за реформи во правосудството редовно го следеше спроведувањето на Стратегијата во овој временски период и активно подготвуваше анализи, извештаи и останати документи за јавни политики со кои и ги презентираше наодите од мониторингот со цел на граѓаните да им го приближи процесот на реформа на правосудниот сектор.

 

За досега направеното во рамките на Блупринт групата и очекувањата на граѓанските организации за реформите во правосудниот сектор зборуваа директорката на ЕПИ, Симонида Кацарска, извршната директорка на Фондацијата Отворено општество – Македонија, Фани Каранфилова-Пановска, како и реизбраната директорка на Академијата за судии и јавни обвинители, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска.

Првиот панел на конференцијата беше посветен на напредокот забележан во институциите кои го сочинуваат правосудниот сектор и нивните очекувања за промените со новата Стратегија.  Беше потенциран и почетокот на преговорите со ЕУ,  а како панелисти беа претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски и заменик-директорот на Академијата за судии и јавни обвинители, Илир Исени.

Целиот текст можете да го прочитате на следниот линк:

http://blueprint.org.mk/2022/12/14/%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b0%d1%82%d0%b5%d0%b3%d0%b8%d1%98%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d1%80%d0%b5%d1%84%d0%be%d1%80%d0%bc%d0%b8-%d0%b2%d0%be-%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b2%d0%be%d1%81%d1%83%d0%b4%d1%81/