Онлајн советување на тема ,,Улогата на финансискиот криминал во современите општества и меѓународна соработка во обезбедување на докази“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2022 година организира онлајн советување на тема ,,Улогата на финансискиот криминал во современите општества и меѓународна соработка во обезбедување на докази“, кое ќе се одржи на 14 октомври (петок) 2022 година, преку платформата ZOOM.

 Советувањето е наменето за судии од кривични оддели, јавни обвинители и стручни соработници од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето ќе бидат г-ѓа Катерина Коларевиќ, јавен обвинител во ОЈО за гонење криминал и корупција и д-р Марија Ѓошева-Крстески, началник на Одделение за истраги за компјутерски криминал/МВР.

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академија задолжено за организација на советувањето на е-маил адреса  mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-569.

Агенада согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Работни Материјали:

1.Презентација 1