
Академијата за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев” и Глобалната програма за сузбивање нелегални текови на пари (ГИЗ) ја продолжуваат соработката во делот на водење финансиски истраги и конфискација на имот. Соработката е започната со цел исполнување на обврските од Акциониот план за спроведување на „Стратегијата за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот 2021-2023“.
Во рамките на оваа соработка предвидено е да се реализира обука на тема „ Јакнење на капацитетите за поврат на незаконски стекнати средства, конфискација и финасиски истраги во РСМ “ која ќе се одржи во период од 28 до 29 септември 2022 година во хотел Радика, Маврово.
Обуката е наменета за судии од кривични оддели, јавни обвинители и стручни соработници од сите апелациони подрачја.
За повеќе информации поврзани со обуката Ве молиме да контактирате со лицето од Академија задолжено за организација на следната е-маил адреса Sonja.Mojsovska@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-568.
Агендата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука.