„Јавна дебата за резултатите од спрoведената Анализа на Закoнoт за заштита од вознемирување на работно место со цел негово подобрување и поефикасно имплементирање’’ (Demo)

Министерството за труд и социјална политика во согласност со надлежностите и стратешката определба за унапредување на еднаквите можности и недискриминација во насока на подобрување на состојбата во областа на работата и работните односи со посебен фокус на вознемирувањето како  облик на дискриминација, во соработка со Институтот за човекови права започна со подготвка на Анализа на Законот за заштита од вознемирување на работно место со цел негово подобрување и поефикасно имплементирање.

Во таа насока Академијата за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев’’ во соработка со Министерството за труд и социјална политика организираат ,, Јавна дебата за резултатите од спроведената Анализа на Законот за заштита од вознемирување на работно место со цел негово подобрување и поефикасно имплементирање’’ која што ќе се одржи на 20 септември 2019 година (петок) во просториите на Академијата, ламела 1.

Излагања поврзани со темаат ќе имаат: г-ѓа Вера Коцо, Институт за човекови права, г-ѓа Неда Петковска, Институт за човекови права и г. Мартин Сопронов, Институт за човекови права.

На дебатата се поканети да присуствуваат судии од сите апелациони подрачја кои постапуваат по предмети поврзани со темата на дебатата и претставници од сите релевантни институции.

Агендата согласно која ќе се одвива дебатата можете да ја погледнете тука.