С О О П Ш Т Е Н И Е

logo_asjo_news_mk

На 25 јули 2024 година по наредба на судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители од страна на овластени службени лица од Министерството за внатрешни работи на РСМ – БЈБ – Оддел за крим полиција и Оддел за сузбивање организиран и сериозен криминал привремено беа одземени два мобилни телефони од лице вработено во Академијата.

На барање за достава на податоци на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, преку овластеното лице на Академијата, им беа предадени бараните податоци на овластените службени лица од МВР на РСМ, и тоа: досието на еден слушател во 7-мата генерација на слушатели во Академијата, потоа, видео надзор од полагањето на квалификацискиот тест, и досието на еден пријавен кандидат за слушател во 9-тата генерација на слушатели во Академијата.

Академијата ќе продолжи да соработува со сите надлежни органи, и за сите дополнителни активности и детали кои што нема да влијаат на постапката, навремено ќе ја информира јавноста.