Судии и јавни обвинители ги унапредија своите вештини во областа на антидискриминација, антициганизам и судската практика на Европскиот суд за човекови права

02112023_antidiscrimination_MKD+

Антидискриминацијата и борбата против антициганизмот (специфична форма на расизам и дискриминација на мажите и жените Роми) се суштински принципи во поддржувањето на човековите права и промовирањето на еднаквоста во Европа. Во овој контекст, судската практика на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) игра клучна улога во унапредувањето на овие принципи. Со цел да се поддржат институциите во Северна Македонија во нивните напори за борба против дискриминацијата и антициганизмот во согласност со европските стандарди и најдобри практики, во Скопје се одржа активност за градење капацитети со 30 судии и јавни обвинители. Тие имаа прилика да ги усовршат своите вештини во поглед на антидискриминација, антициганизам и судската практика на Европскиот суд за човекови права. Преку неколку прилагодени сесии, учесниците дознаа повеќе за конкретните пресуди на ЕСЧП во однос на забраната за дискриминација и член 14 од Европската конвенција за човекови права, како и спецификите на антициганизмот како специфичен облик на дискриминација и расизам насочен кон Ромите и Ромките.

На една од сесиите, д-р Билјана Котевска се осврна на пристапот на Европскиот суд за човекови права при решавањето на случаите на дискриминација на Роми и Ромки. На другите сесии, судиите и јавните обвинители дискутираа и дознаа повеќе за антициганизмот и дискриминацијата насочена кон Ромите и Ромките,  како и локалниот контекст со конкретни локални примери на случаи на дискриминација и претставки пред Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

 

Повеќе на следниот линк: https://www.coe.int/mk/web/skopje/-/judges-and-public-prosecutors-enhance-their-skills-about-antidiscrimination-antigypsyism-and-related-case-law-of-the-european-court-for-human-rights