
Ве известуваме дека Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев согласно член 42 став 4 од Законот за судовите (,,Службен весник на РМ’’ број 58/2006, 35/2008, 150/2010, 83/2018, 198/2018, и 96/2019) организира Специјализирана обука за новоизбрани судии поротници, која ќе се одржи на 17 и 18 јули 2023 година во просториите на Академијата, со почеток од 10:00 часот.
Советувањето е од задолжителен карактер и по спроведената обука судиите поротници ќе добијат потврда за завршена обука.
На обуката свои излагања ќе имаат г-а Љубица Колиќ, судија на Основен граѓански суд Скопје, г-а Лидија Мартинова, судија во пензија од Врховен суд на Република Северна Македонија, г-а Лидија Таневска Јадровска, самостоен судски советник – шеф на кабинет во Врховен суд на Република Северна Македонија и г-а Зуица Наумова, судија во пензија од Апелационен суд Скопје.
Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:
- Модул 1 – „Општи познавања од областа на материјално граѓанско право“
- Модул 2 – „Имплементација на Законот за парнична постапкa
- Модул 3 – „Судир на интереси / Антикорупциски мерки / Етика и етички кодекс и Организација и надлежност на судовите“
- Модул 4 – „Општи познавања од областа на материјално казнено право / казнена политика“
- Модул 5 –„Имплементација на Законот за кривична постапка
АГЕНДАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.
РАБОТНИТИ МАТЕРИЈАЛИ:
За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето задолжено за обука од Академијата на следната е-маил адресата: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk.