Соопштение за одржана конститутивна седница на Управниот одбор на Академијата

logo_asjo_news_mk

Соопштение за одржана конститутивна седница на Управниот одбор на Академијата

Почитувани,

Ве известуваме дека на ден 29.11.2022 година (вторник), во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, се одржа конститутивна седница на новиот Управен одбор на Академијата за судии и јавни обвинители. Врз основа на член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители („Службен весник на Република Македонија“ број 163/2018), на истата се верификуваа мандатите на членовите на Управниот одбор на Академијата, во следниот состав:

Беса Адеми, Претседател на Врховен суд на РСМ, член на УО, назначена од Врховен суд на РСМ;

Исамедин Лимани, Судија на Врховен суд на РСМ, заменик член на УО, назначен од Врховен суд  на РСМ;

Бодан Лазаревски, Јавен Обвинител во Јавно Обвинителство  на РСМ, член на УО, назначен од Јавно обвинителство на РСМ;

Исмаил Дарлишта, Јавен обвинител во Јавно Обвинителство на РСМ, заменик- член на УО, назначен од ЈО на РСМ;

Зоран Герасимоски, член на Судски совет на РСМ, член на УО, назначен од Судски совет на РСМ;

Анита Данилова, Судија на Виш управен суд Скопје, заменик-член на УО, назначена од Судски совет на РСМ;

Беким Мехмеди, Претседател нa Апелационен суд Гостивар, член на УО, назначен од Судски совет на РСМ;

Васка Николовска Масевска, Судија на Основен кривичен суд Скопје, заменик- член на УО, назначена од Судски совет на РСМ;

Бесир Алиу, Јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Тетово, член на УО , назначен од Совет на јавни обвинители на РСМ

Бурим Рустеми, Јавен обвинител  во Вишо јавно обвинителство Скопје, заменик- член на УО, назначен од Совет на јавни обвинители на РСМ;

Фиданка Рајевска, член на Советот на јавни обвинители на РСМ, член на УО, назначена од Совет на јавни обвинители на РСМ;

Ристо Бојаџиски, Јавен обвинител на Вишо јавно обвинителство Штип, заменик- член на УО, назначен од Совет на јавни обвинители на РСМ;

Д-р Џемали Саити, Судија на Врховен суд, член на УО, назначен од Здружение на судии на РСМ;

М-р Александар Камбовски, Судија на Апелационен суд Битола, заменик член на УО, назначен од Здружение на судии на РСМ;

Ермон Незири, Jавен обвинител во Основно јавно обвинителство Скопје, член на УО, назначен од Здружение на јавни обвинители на РСМ;

Јелена Догазанска Колева, Јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Штип, заменик член на УО, назначена од Здружение на јавни обвинители на РСМ;

Валентина Шаурек, Државен советник за правосудство во Министерството за правда, член на УО, назначена од Министерот за правда на РСМ;

Анета Тошевска, Раководител на одделение во Министерството за правда, заменик член на УО, назначена од Министерот за правда на РСМ.

Исто така, запазувајќи го принципот на еднаква застапеност на судиите и јавните обвинители во органите на Академијата, како и запазувајќи го начелото претседателот и заменик- претседателот да бидат судии и јавни обвинители од повисоките инстанци, со стекнат углед, интегритет и долгогодишно искуство во вршење на правосудната функција, на седницата, за претседател на Управниот одбор,  едногласно беше избран членот Бодан Лазаревски, јавен обвинител во Јавно обвинителство на Република Северна Македонија, како член кој веќе го реализира вториот мандат во Управниот одбор.  По истиот принцип, едногласно беше избран и заменик- претседателот на Управниот одбор, Беким Мехмеди, претседател на Апелациониот суд Гостивар, заради континуитет во работата.

Имајќи предвид дека мандатот на актуелната директорка на Академијата за судии и јавни обвинители, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска, истекува согласно 30.11.2022 година, а согласно член 35 став 4 од Законот за Академијата за судии и јавни обвинители („Службен весник на Република Македонија“ бр.20/2015, бр.192/15, бр.231/15 и бр.163/2018), со Одлука бр. 02-443/4 од 29.11.2022 година, за вршител на должноста директор на Академијата за судии и јавни обвинители, едногласно беше назначен Зоран Герасимоски, член на Судскиот совет на Република Северна Македонија, до избор на директор на Академијата. Именуваниот, едногласно беше избран за вршител на должноста директор на Академијата за судии и јавни обвинители од редовите на членовите на Управниот одбор, земајќи го предвид фактот што истиот е со долгогодишно искуство во вршење на судиската функција, пред се како судија на Апелациониот суд Скопје, а понатаму и како член на судскиот совет на РСМ, со стекнат интегритет и углед во правосудството на РСМ.