
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема: „Член 5 од ЕКЧП-притвор и други мерки за обезбедување лица во кривична постапка“, кое ќе се одржи на 20 декември 2023 година (среда), во просториите на Основниот суд Гостивар, со почеток од 10:00 часот.
Советувањето е наменето за судии од кривични оддели, јавни обвинители и стручни соработници од апелационо подрачје Гостивар.
Предавачи на советувањето ќе бидат г-н Дарко Јакимовски, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Скопје и м-р Татјана Петровска, судија во Основен суд Битола.
За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академија задолжено за организација на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk.
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.