СОВЕТУВАЊЕ на тема: ,,Финансиско разузнавање и перење пари “

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев во соработка со Центарот за правни истражувања и анализи а со поддршка од Владата на Обединетото кралство, UKAID и Chemonics организираат обука на тема: Финансиско разузнавање и перење пари која ќе се реализира во период од 14-15 март 2024 година во просториите на Академијата (ламела 1), со почеток во 09:00 часот.

Обуката е наменета за судии од кривични оддели, јавни обвинители и истражители од сите апелациони подрачја.

Предавачи на обуката ќе бидат Нигел Повоас – Специјалист/експерт за криминал (ГовРиск), Даниел Васкез Лоренс  – Финансиски истражител (ГовРиск), Гордана Лажетиќ  – Професор по казнено право, Сашо Стојановски – Истражител, Александар Вујиќ – Офицер за разузнавање и Александра Деаноска – Професор по казнено право.

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето Академија задолжено за реализација на следната е-маил адреса: Sonja.Mojsovska@jpacademy.gov.mk.

                Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.