СОВЕТУВАЊЕ на тема „Тужби поврзани со надомест на штета при забранети дејствија во работењето со хартии од вредност“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема Тужби поврзани со надомест на штета при забранети дејствија во работењето со хартии од вредност, кое ќе се одржи на 8 ноември 2019 година (петок), во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, ламела 3, со почеток во 10:00 часот.

 

Советувањето е наменето за судии од граѓански оддели и стручни соработници од сите апелациони подрачја.

 

На советувањето излагања ќе имаат проф. д-р Марко Андонов, редовен професор и декан на Факултетот за правни науки при Универзитетот Американ Колеџ Скопје и г. Мате Стојановски, главен правен советник во Комисијата за хартии од вредност.

 

На советувањето ќе бидат опфатени следните теми:

 

  • Хартиите од вредност и пазарот на капитал во Република Северна Македонија
  • Осврт на забранети дејствија при работење со хартии од вредност и право на тужба
  • Надомест на штета во случај на преземање на акционерско друштво
  • Надомест на штета во инвестициско работење
  • Надомест на штета во случај на користење на правата од хартии од вредност

 

ПРОГРАМАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

 

РАБОТНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ  кои ќе бидат користени на советувањето можете да ги преземете тука.