Советување на тема „Судска заштита во постапки за утврдување на мобинг”

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2024 година,  организира  советување на тема „Судска заштита во постапки за утврдување на мобинг“ кое ќе се одржи на  9 јули (вторник)  2024 година oд 10:00h, со физичко присуство, во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители.

Советувањето е наменето за судии од граѓански оддели и стручни соработници од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Маја Ристова, адвокат и г-ѓа Бојана Велковска, судија на Основен граѓански суд Скопје.

За дополнителни информации Ве молиме контактирајте го лицето од Академијата задолжено за организација на: е-маил адреса mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-569.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Работни материјали:

1.Презенрација 1

2.Презентација 2