
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2023 година организира советување на тема ,,Спроведување на еколошка правда“. Советувањето е наменето за судии, јавни обвинители и стручни соработници од сите апелациони подрачја.
Советувањето ќе се одржи на 12 април (среда) 2023 година, со физичко присуство во просториите на Академија
Предавачи на советувањето ќе бидат проф. д-р Зоран Шапурич професор ( во пензија) и г-а Спасенка Андонова, јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Скопје.
За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на: тел. 02/2401-569 или на е-маил адреса mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk.
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.
Работни материјали: