Советување на тема „Спорови кои произлегуваат од материјални и правни недостатоци кај договор за купопродажба -Спорови кои произлегуваат од договор за подарок, причини за раскинување и отповикување на дарот”

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2024 година,  организира  советување на тема „Спорови кои произлегуваат од материјални и правни недостатоци кај договор за купопродажба -Спорови кои произлегуваат од договор за подарок, причини за раскинување и отповикување на дарот“ кое ќе се одржи на  22 февруари (четврток)  2024 година oд 10:00h, со физичко присуство, во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, Ламела 3.

Советувањето е наменето за судии од граѓанскин оддели од сите апелациони подрачје.

Предавачи на советувањето ќе бидат м-р Александар Шопов, судија на Апелационен суд Скопје и м-р Маја Маркова, судија на Апелационен суд Скопје.

За дополнителни информации Ве молиме контактирајте го лицето од Академијата задолжено за организација на: е-маил адреса mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-569.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.