
Академијата за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев” во соработка со Комисијата за хартии од вредност на РСМ организираат советување на тема: Специфики на управните постапки во областа на пазарот на капитал од аспект на управното судство и значењето на граѓанското судство за корпоративна и акционерска правда, кое ќе се одржи на 1 декември 2023 година (петок), во хотел Мериот, со почеток во 10:00 часот.
Советувањето е наменето за судии од Виш управен суд, Управен суд и за судии од граѓански оддели од сите апелациони подрачја .
Предавачи на советувањето ќе бидат д-р Субхи Јакупи, судија на Виш управен суд, д-р Едита Насковска, судија на Управен суд, г-а Наташа Савовска Димитровска, судија на Апелационен суд Скопје и г. Мате Стојановски, главен правен советник, Комисија за хартии од вредност.
За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната е маил адреса:
Sonja.Mojsovska@jpacademy.gov.mk
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.