
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2024 година, организира советување на тема „Солидарна одговорност на должници кај договори за кредит низ призма за ЗОО и Закон за меница” кое ќе се одржи на 08 ноември (петок) 2024 година со почеток од 10:00 часот, со физичко присуство, во просториите на Академијата.
Советувањето е наменето за судии и стручни соработници од граѓански оддели од сите апелациони подрачја.
Предавачи на советувањето ќе бидат м-р Александар Шопов, судија на Апелационен суд Скопје и г-а Татјана Сусулевска, судија на Апелационен суд Битола.
За дополнителни информации Ве молиме контактирајте го лицето од Академијата задолжено за организација на: е-маил адреса mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-569.
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.