Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема: „Примена на Законот за судска служба“, кое ќе се одржи на 25 октомври 2023 година (среда), во просториите на Академијата-Ламела 1, со почеток од 10:00 часот.
Советувањето е наменето за судските службеници од сите судови во РСМ.
Предавачи на советувањето ќе бидат: м-р Лидија Таневска Јадровска, самостоен судски советник во Врховен суд на РСМ и г-н Борче Мирчески, судски администратор во Основен суд Охрид.
За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академија задолжено за организација на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk.
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

