
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2023 година организира советување на тема: „Примена на Законот за заштита од вознемирување на работно место – мобинг и Законот за спречување и заштита од дискриминација“, кое е предвидено да се одржи на 15 јуни 2023 година (четврток), во просториите на Академијата-Ламела 3, со почеток од 10:00 часот.
Советувањето е наменето за судии од граѓански оддели и стручни соработници од сите апелациони подрачја, а истото ќе го спроведат
проф. д-р Зоран Михајлоски, професор и доцент на Американ Колеџ-Скопје и г-н Тодор Поп Панев, судија во Основен суд Штип.
За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академија задолжено за организација на следната е-маил адресата: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk.
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.