Академијата за судии и јавни обвинители согласно Каталогот за континурана едукација за 2024 година организира советување на тема:„Прекин на парнична постапка за расправање на претходно прашањеод кривично правна природа во постапка за надомест на штета во автоодговорност/ Улогата на сообраќајното вештачење во граѓанската постапка “, кое ќе се одржи на 17 септември (вторник) 2024 година во просториите на Академија за судии и јавни обвинители –Ламела III со почеток во 10:00 часот.
Советувањето е наменето за судии и стручни соработници од граѓанските оддели на судовите од сите апелациони подрачја, а истото ќе го реализираат, м-р Александар Шопов,судија на Апелационен суд Скопје и г-а Лидија Димчевска, судија на Апелационен суд Скопје, во пензија.
За дополнтелни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната е маил адреса:
Gordana. Lazarevska@jpacademy.gov.mk
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

