Советување на тема „Правна регулација помеѓу стечајот и извршувањето- правен третман на прибелешка на налог за извршување врз недвижниот имот на стечајниот должник“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2023 година,  организира  советување на тема „ Правна регулација помеѓу стечајот и извршувањето- правен третман на прибелешка на налог за извршување врз недвижниот имот на стечајниот должник“ кое ќе се одржи на  4 октомври (среда)  2023 година oд 10:00h , со физичко присуство, во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, Ламела 3.

Советувањето е наменето за судии и стручни соработници  од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Татјана Сусулеска, судија на Апелационен суд Битола и г-а Билјана Јачева, судија на Основен суд Велес.

За дополнителни информации Ве молиме контактирајте го лицето од Академијата задолжено за организација на: е-маил адреса mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-569.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.