Советување на тема „Постапување во кривични постапки со повеќе обвинети лица, каде дел од нив ја признаваат вината или склучуваат спогодба со јавбните обвинители и обезбедување на начелата кои произлегуваат од член 6 од ЕКЧП”

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2024 година,  организира  советување на тема Постапување во кривични постапки со повеќе обвинети лица, каде дел од нив ја признаваат вината или склучуваат спогодба со јавбните обвинители и обезбедување на начелата кои произлегуваат од член 6 од ЕКЧП“ кое ќе се одржи на  4 април (четврток)  2024 година oд 10:00h, со физичко присуство, во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители.

            Советувањето е наменето за судии од кривични оддели, јавни обвинители и струцни соработници од сите апелациони подрачја.

            Предавачи на советувањето ќе бидат г-н Ристо Бојаџиски, јавен обвинител на Вишо јавно обвинителство Штип и г-а  Билјана Коцевска, судија на Основен граѓански суд Скопје.

            За дополнителни информации Ве молиме контактирајте го лицето од Академијата задолжено за организација на: е-маил адреса mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-569.

            Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.