СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Начин на заведување, чување и предавање на одземени предмети“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2023 година организира советување на тема „Начин на заведување, чување и предавање на одземени предмети“, кое ќе се одржи на 31 октомври (вторник) 2023 година, во просториите на Академијата, со почеток во 10:00 часот.

Советувањето е наменето за судските службеници од кривични оддели од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето ќе бидат г-н Борче Мирчески, судски администратор во Основен суд Охрид и г-а Сузана Варналиева, судски администратор во Основен суд Велес.

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната е-маил адресата: ivana.milanovik@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-572 .

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.