
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2024 година, организира советување на тема „Материјално – финансиско работење на судовите/Постапување со судски депозити и гаранции/Определување на лимит на извршувањето на имот на РСМ“ кое ќе се одржи на 25 април (четврток) 2024 година oд 10:00h, со физичко присуство, во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители,.
Советувањето е наменето за Претседатели на судови и претставници на Судски совет на РСМ.
Предавачи на советувањето ќе бидат м-р Александар Шопов, судија на Апелационен суд Скопје и г-а Злата Попова, судија на Основен суд Гевгелија.
За дополнителни информации Ве молиме контактирајте го лицето од Академијата задолжено за организација на: е-маил адреса mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-569.
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.