Советување на тема „Заеднички имот стакнат во брак, делба и право на отуѓување на заедничкиот имот стекнат во брак”

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2023 година,  организира  советување на тема „ Заеднички имот стакнат во брак, делба и право на отуѓување на заедничкиот имот стекнат во брак “ кое ќе се одржи на 1 декември (петок)  2023 година oд 10:00h, со физичко присуство, во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, Ламела 1.

Советувањето е наменето за судии од граѓански оддели и стручни соработници  од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето ќе бидат Проф д-р  Благица Ѓошева, судија на Основен граѓански суд Скопје и г-а Софија Миленкова, судија на Основен граѓански суд Скопје

За дополнителни информации Ве молиме контактирајте го лицето од Академијата задолжено за организација на: е-маил адреса mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-569.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.