СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Достава на писмена (сите начини на доставување предвидени во Закон)“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2024 година, организира советување на тема: „Достава на писмена (сите начини на доставување предвидени во Закон)“, кое ќе се одржи на 05 јуни 2024 година (среда), во просториите на Академијата-Ламела 3, со почеток од 10:00 часот.

Советувањето е наменето за судски доставувачи, дактилографи и службеници од писарница од сите судови во Република Северна Македонија.

Предавачи на советувањето ќе бидат г-н Сашо Темелкоски, судски администратор во Основен суд Прилеп и г-н Борче Мирчески, судски администратор во Основен суд Охрид.

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-572.

Агендата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука.

Работни материјали:

1.Преентација 1

2.Презентација 2