
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2024 година, организира советување на тема „Граѓанска заштита на правата од интелектуална сопственост“ кое ќе се одржи на 13 јуни (четврток) 2024 година oд 10:00h, со физичко присуство, во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители.
Советувањето е наменето за судии од граѓански оддели и стручни соработници од сите апелациони подрачја.
Предавачи на советувањето ќе бидат м-р Александар Шопов, судија на Апелационен суд Скопје и Проф. Д-р Јадранка Дабовиќ, Професор на Правен факултет Јустинијан Први –Скопје, судија на Уставниот суд на РСМ .
За дополнителни информации Ве молиме контактирајте го лицето од Академијата задолжено за организација на: е-маил адреса mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-569.
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.
Работни материјали: