Советување на тема „Актуелни прашања поврзани со спроведување на реорганизација на должник според правилата на законот за стечај“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со  Меѓународната финансиска корпорација, групација на Светска банка, во рамки на проектот ,,Проект за решавање на долговите и деловен излез“,  согласно Каталогот на обуки за 2022 година,  организира  советување на тема „Актуелни прашања поврзани со спроведување на реорганизација на должник според правилата на законот за стечај “ кое  ќе се одржи на 13 декември (вторник) 2022 година, со физичко присуство во просториите на Апелационен суд Скопје.

Советувањето е наменето за судии и стручни соработници од трговски оддели од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Лидија Димова, претседател на Основен суд Велес  и м-р Александар Шопов, судија на Основен суд Велес.

За дополнителни информации во врска со советувањето Ве молиме да го контактирате лицето од Академија задолжено за организација на следната е-маил адреса Gordana.Lazarevska@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-578.

                Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Равотни Материјали:

1.Презентација 1

2.Презентација 2