СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА: ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА КЛУЧНИТЕ НАОДИ ОД ПРОЦЕНКАТА НА ПРИТВОРОТ Скопје 15 декември 2023 година

pro-021

На 15 декември 2023 година, наодите за проценка, подготвени за состојбите со притворот во Северна Македонија за период од 2018-2022 година беа презентирани пред правосудната фела во Скопје. Проценката беше подготвена од страна на Коалицијата на здруженија на граѓани „ Сите за правично судење“ со поддршка на Советот на Европа и Академијата за судии и јавни обвинители.

Проценката имаше за цел да ги идентификува главните недостатоци, усогласувајќи се со отворените проблеми кои произлегуваат од судската пракса на Европскиот суд за човекови права. Истовремено, давајќи препораки за подобрувања, особено поврзни со промената на судската практика.

Настанот послужи како платформа за дискусија помеѓу правните професионалци заедно со  експертите од Европскиот суд за човекови права и од Одделот за извршување на пресудите на Советот на Европа.

Резултатите од проценката ќе бидат објавени на почетокот на 2024 година и ќе бидат дистрибуирани меѓу судството. Исто така, имајќи ги предвид резултатите од настанот и заклучоците кои произлегоа од проценките Академијата за судии и јавни обвинители ќе предвиди реализација на обука за правото на слобода и безбедност со цел да се промовираат стандардите на Европскиот суд и на ова поле и да се намали изрекување на мерката притвор vis-a-vis превентивните мерки.