Реализирана работилница за најдобрите практики од областа на извршување на пресудите на ЕСЧП во врска со член 5 став 3 и 4 од ЕКЧП

20240510_130317

Академијата и Мисијата на ОБСЕ во Скопје на 10 мај 2024 година, во просториите на Академијата, организираа работилница за најдобрите практики од областа на извршувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права кои се однесуваат на член 5 став 3 и 4 од Европската конвенција за човекови права.

Работиницата се реализираше во рамки на проектот „Поддршка за ефикасни домашни капацитети во извршувањето на пресудите на ЕСЧП (Фаза 1).“

Со поздравно обраќање, присутните ги поздравија: проф. д-р Наташа Габер Дамјановска, Олег Солдатов, шеф на Програмската канцеларина на Совет на Европа во Скопје, и Рафаела Хаџикуриаку, проектен офциер-правен аналитичар, Совет на Европа.

На работилницата свои излагања поврзани со темата имаа: Даница Џонова, владин агент на Република Северна Македонија пред Европскиот суд за човекови права, Недим Куленовиќ, правен офицер во Одделот за извршување на пресуди, како и владини претставници и престаставници на  локалната самоуправа на Хрватска и судии од Високиот кривичен суд во Загреб.