Известување за распоред за полагање на тестот за интегритет

logo_asjo_news_mk

Почитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием на 130 слушатели во IX генерација на почетна обука,

 

Полагањето на тестот за интегритет ќе се спроведе во просториите на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија (Кеј Димитар Влахов бб, Скопје), во свечените простории, на 10-ти кат. Како што претходно Ве известивме, тестот ќе се полага на 06 и 07 ноември, а термините се следни:

 

Група 1 – 06.11.2023 година (од 10:00 часот до 11:30 часот);

Група 2 – 06.11.2023 година (од 12:00 часот до 13:30 часот);

Група 3 – 06.11.2023 година (од 14:00 часот до 15:30 часот);

Група 4 – 07.11.2023 година (од 10:00 часот до 11:30 часот);

Група 5 – 07.11.2023 година (од 12:00 часот до 13:30 часот) и

Група 6 – 07.11.2023 година (од 14:00 часот до 15:30 часот);

 

Во прилог Ви го испраќаме и распоредот за полагање по групи.

 

Воедно, Ве замолувам со Вас да носите и лична карта или пасош бидејќи ќе бидете идентификувани во пријавница при влезот во зградата, каде што ќе треба да најавите дека ќе го полагате тестот за интегритет во рамки на приемниот испит во Академијата. Како и претходно, на полагањето треба да дојдете 30 минути пред терминот определен за полагање.