Работна средба на директорката на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска со новоназначената амбасадорка на Република Грција во Република Северна Македонија, Н.Е. Sophia Philippidou

DSC_0260

Директорката на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска одржа работна средба со новоназначената амбасадорка на Република Грција во Република Северна Македонија, Н.Е. Sophia Philippidou, чија цел беше запознавање на амбасадорката со улогата на Академијата во правосудниот систем на Република Северна Македонија.

На состанокот директорката на Академијата ја истакна важноста на меѓународната соработка во унапредувањето на ефикасноста на правосудниот систем, посебно во делот на примената не легислативата на ЕУ, при што нагласи дека Академијата ужива навистина голема поддршка од многу странски партнери и амбасади во земјата. Таа исто така, подвлече дека Академијата има воспоставено релации и со Националниот судски колеџ во Република Грција, но истовремено напомена дека Академија се залага за проширување и зајакнување на оваа соработка помеѓу правосудните иституции на двете земји.

Амбасадорката на Република Грција покажа отворен интерес за унапредувањето на веќе воспоставените релации, како и за отворените можности за реализација на заеднички проектни активности кои ќе дадат придонес во правосудствата на Република Северна Македонија и Република Грција.