РАБОТИЛНИЦА на тема: „Информираност за сајбер хигиена “

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со ИПА проектот: „Владеење на правото во Република Северна Македонија со поддршка на ЕУ“ организираат работилница на тема: „Информираност за сајбер хигиена“, која ќе се одржи на 09 февруари 2024 година (петок), во просториите на Академијата-Ламела 1 (сала за состаноци), со почеток од 09:00 часот.

Работилницата е наменета за обука на информатичарите од Основните судови Битола, Прилеп, Крушево, Ресен, Виница, Делчево, Радовиш, Струмица, Кичево, Дебар и Вишите јавни обвинителства Битола и Штип, во рамките на програмата „обука за обучувачи“.

Целта на оваа работилница е овие лица подоцна да можат да ги обучат сите вработени во судовите и јавните обвинителства за оваа исклучително безбедносна важна проблематика.

Работилницита ќе ја спроведе г-н Кирил Ќироски, експерт за ИКТ од ИПА Проект: „Владеење на правото“.

За дополнтелни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната е маил адреса:

Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.