
Директорката на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска одржа работен состанок со претставници на Совет на Европа, Anca Sandescu, проектен менаџер и Elisabeth Duban, меѓународен експерт по повод отпочнувањето на регионалната акција: Пристап до правдата на жените од Западен Балкан, која е дел од заедничката иницијатива на Европската унија и Совет на Европа содржана во Програмата „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“, а чија цел е земјите од Западен Балкан да ги пресретнат потребите кои произлегуваат од нивните реформските агенди во областа на човековите права, владеењето на правото и демократијата и истите да ги усогласат со европските стандарди кои претставуваат дел од приоритетите во процесот за проширување на ЕУ.
Станува збор за трета фаза од развојот на оваа програма со која треба да се унапреди пристапот до правдата на жените и да се спроведе ефикасна борба против насилството врз жените и семејното насилство.
Академијата за судии и јавни обвинители е вклучена од самиот почеток на Програмата Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција и како еден од клучните партнери придонесе во развој и реализацијата на многу активности во рамки на претходните две изминати фази.
Директорката на Академијата ги информираше претставниците на Советот на Европа дека Академијата и понатаму ќе остане партнер институција и ќе продолжи да соработува и да ги поддржува активностите кои се дел од оваа програма, како и сите други активности кои ги спроведуваат Европската унија и Советот на Европа кои ќе значат унапредување на ефикасноста на правосудниот систем и јаканење на капцитети на органите на прогонот.