Презентација на судскиот третман на семејно насилство во Република Франција

logo_asjo_news_mk

Во рамки на успешно воспоставената соработка помеѓу Академијата за судии и јавни обвинители и Амбасадата н Република Франција во Република Северна Македонија, на 12 октомври (четврток) 2023 година во просторите на Академијата г-ѓа  Inès BORDET, заменик јавен обвинител во Париз и шеф на единицата за внатресемејно насилство ќе одржи презентација на судскиот третман на семејно насилство во Република Франција, односно, за вкрстените перспективи на судскиот третман на семејно насилство.

Презентацијата ќе биде одржана пред судии, јавни обвинители и слушателите на  осма генерација во почетната обука на Академијата а целта е истите да се зпознаат со француската легислатива и постапувањето на француските судови во случи на семејно насилство.

Презентацијата се случува во вистински момент бидејќи во последно време се бележи пораст на случаите за семејно насилство во нашата земја, а искуствата од земјите членки на Европската унија како што е Франција се значајни во унапредувањето на вештините на судиите и јавните обвинители, како и на кандидатите за идни судии/јавни обвинители. Оваа презентација претставува одлична можност за директна размена на искуства преку кои учесниците ќе  ги прошираат своите стекнати познавања од областа на семејното насилство.