Партнери и корисници на ЈУФРЕКС проектот во Северна Македонија ги сумираа резултатите во делот на слободата на изразување

IMG-20221214-WA0015 (1)

Членовите на Управниот одбор на заедничкиот проект на ЕУ и Советот на Европа „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија“, како и претставници/чки од сертифицираните обучувач(к)и на ЈУФРЕКС присуствуваа на завршниот настан со кој се одбележа крајот на проектот и се сумираа резултатите од истиот.

Лејла Дервишагич, Раководителка на оперативно работење на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, го отвори состанокот така што ја истакна важноста на овој проект кон исполнување на европските стандарди за слобода на изразување. Во името на Советот на Европа, искажа благодарност за посветената работа на партнерите и нивната соработка воопшто, како и за желбата да се продолжи понатаму во иста насока.

Марија КАНЕЛОПОЛУ Марија-Магдалена, Раководителка на оперативно работење 1 во Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, ја истакна важноста на проектот во поглед на потребните законски измени во земјата посебно во насока на преговорите со Европската Унија и билатералниот скрининг процес во областите кои се опфатени со Хоризонталниот инструмент.

Бидејќи целта на овој состанок беше да се говори за резултатите од проектот во двете негови фази, односно во периодот 2016-2022 година, експертот на Советот на Европа Велимир Деловски накратко ја презентираше опширната правна анализа на која се работеше изминатите шест месеци. Оваа правна анализа вклучува теми кои се опфатени со проектот како говор на омраза, клевета и навреда, интернетот и слободата на изразување, безбедност на новинар(к)ите и слободата на изразување и правораздавањето. Во неа се анализира домашната судска пракса во поглед на нејзината усогласеност со европските стандарди, клучните недостатоци кои треба да се надминат, и од неа произлегуваат клучни препораки за следната фаза на проектот. Финалната верзија на правната анализа ќе биде достапна во текот на првиот квартал на 2023 година.

На состанокот свои обраќања имаа и претставници/чки на партнерите на проектот ЈУФРЕКС. Неодамна ре-избраната директорка на Академијата за судии и јавни обвинители, Наташа Габер-Дамјановска упати честитки за успешно завршениот проект кој придонесе кон континуиран напредок на судиите и јавните обвинители. Таа го истакна мултидисциплинарниот пристап на проектот т.е. добрата страна на проектот преку вклучување на сите клучни чинители кога се работи за заштита на слободата на изразување онака како што е дефинирана во членот 10 од Европската конвенција за човекови права.

Текстот во целост можете да го прочитате на следниот линк:

https://www.coe.int/mk/web/skopje/-/%D0%9F%D0%B0%D1%80%D1%82%D0%BD%D0%B5%D1%80%D0%B8-%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%81%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8-%D0%BD%D0%B0-%D0%88%D0%A3%D0%A4%D0%A0%D0%95%D0%9A%D0%A1-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%BE%D1%82-%D0%B2%D0%BE-%D0%A1%D0%B5%D0%B2%D0%B5