Објавување на дополнета Ранг листата со Конечни резултати од полагањето на завршниот испит во Академијата за судии и јавни обвинители за седмата генерација слушатели на почетна обука и Конечна Ранг листа на кандидати за судии и јавни обвинители.

logo_asjo_news_mk

Почитувани,

Ве известуваме дека согласно член 109 став 7 од Законот за Академијата за судии и јавни обвинители, слушателот кој не го положи  завршниот испит, го искористи своето право на преполагање на завршниот испит и на ден 27.02.2023 година го полагаше писмениот дел од испитот, а на ден 28.02.2023 година го полагаше усниот дел од испитот и успешно го положи  завршниот испит со освоени 7,33 бодови. Денеска, Комисијата за завршен испит одржа седница и откако констатираше дека слушателот се откажал од правото на приговор против резултатите од завршниот испит, односно конечност на резултатите изврши соодветна корекција на Ранг листите. Оттука, повторно ги објавуваме Ранг листата со конечни резултати од полагањето на завршниот испит во Академијата за судии и јавни обвинители на седмата генерација слушатели на почетна обука, Конечна Ранг листа на кандидати за судии и јавни обвинители, Конечната Ранг листа на кандидати за судии и   Конечната Ранг листа на кандидати за јавни обвинители и истите повторно ќе бидат испратени до Судскиот совет на РСМ и Советот на јавни обвинители на РСМ.

Со почит,