ОБУКА на тема: „Прибирање на податоци, креирање и изготвување на месечни и годишни извештаи“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира обука на тема: Прибирање на податоци, креирање и изготвување на месечни и годишни извештаи“, кое ќе се одржи на 17 ноември 2023 година (петок) во просториите на Академијата-Ламела 1, со почеток од 10:00 часот.

Обуката е наменета за судските службеници од сите судови во РСМ.

Обуката ќе ја спроведат г-а Лидија Таневска Јадровска, самостоен судски советник во Врховен суд на РСМ и г-а Сузана Варналиева, судски администратор во Основен суд Велес.

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-572.

Агендата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука.