ОБУКА на тема: ,,Основите на правото на ЕУ’’

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со Центарот за обука и правосудни студии на Холандија, во рамки на потпишаниот меморандум за соработка, организираaт обука на тема: ,,Основите на правото на ЕУ’’ која ќе се одржи со физичко присуство на 10 февруари 2022 година (петок) во хотел во Скопје (точната локација дополнително ќе биде утврдена).

Обуката ќе ја спроведат национални обучувачи (судии и јавни обвинители) кои учествуваа на обуката на обучувачи која беше спроведена во 2022 година во соработка со меѓународни експерти од Холандија.

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за реализација на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-572.

Агендата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука.