ОБУКА на тема: „Дисриминација и вознемирување на работно место – Мобинг“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2024 година организира обука на тема: „Дисриминација и вознемирување на работно место – Мобинг“, кое ќе се одржи на 04 март 2024 година (понеделник) во просториите на Академијата-Ламела 1, со почеток од 10:00 часот.

Обуката е наменета за судски и јавнообвинителски службеници од сите апелациони подрачја како и за службеници од Врховен суд на РСМ, Виш управен суд и Управен суд.

Обуката ќе ја спроведат м-р Лидија Таневска Јадровска, самостоен судски советник во Врховен суд на РСМ и м-р Маја Ристова, адвокат во Адвокатска канцеларија Ристова.

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-572.

Агендата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука.

Работни материјали:

1.Презентација 1

2.Презентација 2