
Академијата за судии и јавни обвинители и Европскиот институт за јавна администрација ЕИПА од Луксембург организираат обука на обучувачи, кој ќе се реализира во период од 17 до 19 октомври 2023 година, посветена на правото на ЕУ која ќе се одржи во просториите на Академијата со почеток во 09:00 часот
Обуката е наменета за обучувачи кои учествуваат во подготовка и имплементација на програмите за почетна и континуирана обука во Академијата.
Обуката е развиена од страна на ЕИПА Луксембруг во соработка со Академијата а целта е да им се овозможи на учесниците да ги идентификуваат, анализираат и пресретнат потребите за изучување, на општи теми со фокус на оние кои се поврзани со правото на ЕУ. Истовремено, да ги унапредат нивните постојни вештини во однос на концептот, имплементацијата и евалуацијата на програмите за обука, да ги унапредат своите комуникациски и презентациски вештини и истите да ги применуваат и со други алатки на учење како што е учењето на далечина.
Обуката ќе ја спроведат странски експерти ангажирани од страна на ЕИПА Луксембург кои имаат искуства од оваа област.
Агендата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука.