
Почитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием на 130 слушатели во IX генерација на почетна обука, во врска со текот на приемниот испит Ве информираме за следното:
Управниот одбор на Академијата на последните две седници дискутираше за текот на постапката за приемен испит која е во тек. Со оглед на тоа што по завршувањето на полагњето на тестот за интегритет, сеуште не е закажано полагањето на квалификацискиот тест, Управниот одбор на Академијата побара од директорот на Академијата да биде известен за застојот во постапката.
Имајќи предвид дека претходниот договор за групна јавна набавка на услуги за одржување на софтвер за полагање на испити во државни интитуции е истечена, а обврската за спроведување на нова групна јавна набавка е доделена на Министерството за информатичко општество и администрација, директорот на Академијата се обрати до наведеното министерство со барање информација до каде е постапката за набавка и кога се очекува истата да биде завршена, како би можеле да продолжиме со испитниот процес. Воедно, Академијата во истиот допис укажа за сите причини за итност во реализацијата на набавката, притоа осврнувајќи се во голема мера на неизвесноста во која се наоѓаат кандидатите.
Од страна на МИОА до Академијата беше доставена бараната информација во која е наведено дека не е склучен анекс договор со претходниот носител на набавка, а спроведувањето на нова постапка е сеуште во рана фаза односно подготовка на тендерска документација, имајќи ја во предвид комплексноста на набавката и бројот на државни институции кои учествуваат во истата.
Така добиениот одговор беше разгледан на последно одржаната седница на Управниот одбор на Академијата, на која беше донесен заклучок дека треба да се пристапи кон изнаоѓање на итно интервентно решение за продолжување на понатамошниот тек на приемниот испит. Во таа насока од страна на УО на Академијата, беше доставен допис до Владата на РСМ со детално образложение на настанатата ситуација и барање за изнаоѓање итно интервентно решение. Воедно, на истата седница на УО, беше задолжена Приемната комисија да одржи седница и да ги извести кандидатите за причините за застојот во полагањето.
Известувањето од Приемната комисија за термините за одржување на квалификацискиот тест, ќе биде објавено на веб страната на Академијата откако претходно Управниот одбор ќе ја извести Приемната комисија за добиениот одговор од Владата на РСМ.
За таа цел, Ве молиме да ја следите веб страната на Академијата.
Со почит,
Приемна комисија