Известување од одржано продолжение на 221-ва седница на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители на ден 14.10.2024 година го одржа продолжението на 221-та седница на Управниот одбор на која го усвои Записникот од 220-та седница на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители и изврши именување на директор на Академијата за судии и јавни обвинители. За директор на Академијата за судии и јавни обвинители беше именувана јавен обвинител Ирина Трајкоска Стрезоски, со времетраење на мандат од четири години, со право на уште еден избор.

Одлуката за именување на директор на Академијата за судии и јавни обвинители може да ја преземете тука.